News

Оглас за надворешен соработник истражувач/ка

Реактор – Истражување во акција* има потреба од ангажирање на надворешен соработник истражувач/ка, со искуство во спроведување на маркетинг истражувања и истражувања на јавното мислење. Сметаме дека ова е интересна можност за идеалист/к/и со значително истражувачко искуство, кои сакаат да работат на подобрување на јавните политики во Македонија.

Ангажманот предвидува 20 работни денови, во периодот јули и август 2018 година.

Предвидени задачи (опис на позицијата)

    Подготовка на методологија за анкета за тестирање на пораки, собирање на податоци и примена на истражувачки методи (квалитативни и квантитативни) и други техники за анализа на податоци во соработка со истражувачкиот тим на организацијата;

     Статистичка анализа на податоци;

     Подготовка на финален извештај со клучни наоди, и

   Подготвување насоки за визуелизација на клучни наоди, податоци и препораки;

Квалификации: Образование и работно искуство

   Завршени најмалку додипломски студии по психологија, социологија или друга релевантна област која во наставната програма содржи задолжителни предмети по истражувачки методи (неакадемски обуки за статистика и истражувачки методи ќе се земат предвид како замена)

●  Најмалку 5-годишно релевантно работно искуство по дипломирање, кое вклучува спроведување на истражувачки проекти, а особено истражувачки проекти со компонента тестирање на пораки, како и истражувачки проекти во програмските области на организацијата.

Квалификации: Технички вештини

    Познавање на софтвер/и за обработка на податоци (SPSS, Stata, MAXQDA или друг софтвер за анализа на податоци) (задолжително)

  Познавање и искуство со софтверски алатки за собирање на податоци од интервјуа и анкети (LimeSurvey, Typeform, SurveyMonkey или други софтверски алатки) (пожелно)

Квалификации: Знаење и други вештини

     Високо развиени аналитички вештини;

    Способност за сумирање и претставување на комплексни истражувачки наоди во лесно разбирливи текстови и пораки;

     Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албански јазик или друг јазик на малцинствата ќе се смета за предност;

     Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;

     Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;

●   Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

     Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

Како да се пријавите

За да се пријавите, Ве молиме подгответе: 

    CV (на англиски јазик) – задожително

●    Мотивациско писмо (на македонски јазик) за Вашиот интерес и квалификации за позицијата, во кое би сакале да прочитаме за тоа како Вашето досегашно работно искуство е релевантно за потребните знаења, вештини и работните задачи предвидени за оваа позиција (не повеќе од 1000 зборови) – задожително

    Примери или извадоци од Ваш пишан труд (на англиски и/или на македонски јазик, не повеќе од три вакви примери).

Вака подготвената пријава треба да ја пратите по електронска пошта на info@reactor.org.mk со наслов ИСТРАЖУВАЧ/КА.

Ве молиме сите документи да ги пратите споени во еден документ, во PDF формат.

Рокот за пријавување е  10 јули 2018.

Само кандидат/к/ите кои ќе ја поминат првата фаза на разгледување на пријавите ќе бидат контактирани и понатаму тестирани, за што ќе бидат навремено известени.

* Реактор – Истражување во акција е организација која нуди еднакви можности за вработување, обезбедува инклузивна средина, промовира и почитува различности.