News

Практична работилница за застапување засновано на податоци

Целта на оваа работилница е преку практична вежба учесниците да се запознаат со концептот и алатките за застапување, како важна компонента за вклучување во процесите на донесување политики. Воедно, ќе разговараме и за придобивките од употребата на современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процесот на застапување.

Реактор – истражување во акција Ве поканува на практични работилници на тема „Застапување засновано на податоци“со времетраење од 2 ипол часа кои ќе се одржат во неколку градови и тоа:
Струмица (18.09.2018, Дом на АРМ, 11.00 – 13.30 часот),
Велес (19.09.2018, Голема сала, Општина Велес, 10.30 – 13.00 часот),
Тетово (17.09.2018, Центар за Балканска соработка „Лоја“, 10.30 – 13.00 часот) и
Куманово (24.09.2018, Центар за интеркултурен дијалог – ЦИД, 10.30 – 13.00 часот)

Придружете ни се на една од работилниците блиску до вас! Целта на оваа работилница е преку практична вежба учесниците да се запознаат со концептот и алатките за застапување, како важна компонента за вклучување во процесите на донесување политики. Воедно, ќе разговараме и за придобивките од употребата на современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процесот на застапување.

Дополнително, на работилниците ќе биде промовиран и новиот ресурсен веб-сајт за млади изработен од Реактор. Работилниците се наменети за претставници од младински организации и заинтересирани млади кои сакаат да се посветат на активности со кои ќе влијаат во процесот на креирање на политиките наменети за младите.

Доколку сте заинтересирани за учество, Ве молиме да го пријавите Вашето учество на една од работилниците со пополнување на следниот формулар: Струмица (https://goo.gl/forms/jq9m25p7xL09bb0U2),
Велес (https://goo.gl/forms/PsLdDE5yqUafMlDL2),
Тетово (https://goo.gl/forms/tKG5IKg4G1CXCZBx1) или
Куманово (https://goo.gl/forms/nW1ruFC6hG1UHvc93),
најдоцна до 14 септември, 2018 година.

Сите регистрирани учесници дополнително ќе ја добијат агендата за работилницата. За сите дополнителни информации, Ви стоиме на располагање на имејл: blazen@reactor.org.mk или телефонски 02 3245 536.

*Оваа работилница е дел од проектот „Младинско застапување за одржлива иднина“ поддржан преку акциски грант од страна на програмата Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, кој го спроведуваат Нирас од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).